Гвардиола ќе носи носи нов дефанзивец, Шкринијар се сели на „Етихад“

Милан Шкринијар/фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Словачкиот репрезентативец Милан Шкринијар кој во летниот преоден рок беше многу блиску до потпис со ПСЖ, сега е на мета на Пеп Гвардиола и Манчестер сити.

ПСЖ летово понуди 50 милиони евра отштета за Шкринијар, но Интер бараше 10 милиони евра повеќе за фудбалерот кој идната година ќе биде слободен играч и поради тоа францускиот тим се откажа од трансферот.

Но, можноста да го донесе бесплатно идното лето, или со минимално обесштетување од неколку милиони евра, сака да ја искористи Гвардиола и со Шкринијар да ја засили одбраната.

Иако летово во Сити пристигна Мануел Аканџи од Борусија Дортмунд, Гвардиола нема намера да ја пропушти можноста бадијала да донесе елитен дефанзивец на „Етихад“.

Покрај Сити, интерес за Шкринијар пројавуваат уште два премиерлигаши, Челси и Тотенхем, но сигурно е дека ниту ПСЖ нема да се откаже од можноста да дојде до потписот со Словакот.ќ

Милан Шкринијар од 2017 година настапува за Интер откако пристигна од Сампдорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот