Гвардиола ќе потроши 350 милиони евра во летниот преоден рок?!
Пеп Гвардиола в сабота (29 мај) го чека можеби најважниот натпревар во својата кариера, иако со Барселона ја освојуваше титулата шампион на Европа, финалето во Лигата на шампионите со Манчестер сити е секако поголем подвиг без оглед на сѐ.
Утре на стадионот „Драгао“ „граѓаните“ имаат шанса да се закитат со уште една титула, онаа во ЛШ, а последна пречка им е составот на Челси, дуел кој ќе стартува од 21.00 часот пред ограничен број на навивачи на трибините во Порто, Португалија.
Од друга страна, клубот од „Етихад“ веќе размислува за следната сезона, односно подготвуваат пари за нови засилувања. Се шпекулира дека Сити е спреман да вложи 100 милиони фунти за Џек Грилиш, и на тој начин би се урнал британскиот рекорд во Премиер лигата.
Грилиш потпиша нов договор минатиот септември, многу значаен играч во екипата од Бирмингем, но останува да се види дали ќе ја одбијат понудата од актуелниот премиерлигашки шампион.
Лапорта има пеколен план за 2022 година, го враќа Гвардиола на клупата?!
Гвардиола не се откажува од намерата за 150 милиони фунти да го ангажира напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн. Врвен стрелец, но не може да се пофали со ниту еден трофеј. Можно е летово да направи трансфер во поголем клуб, иако има желба да остане во Англија.
Со Грилиш и Кејн, заедно со левиот бек на Спортинг Нуно Мендеш, Манчестер сити би бил „недопирлив“. Младиот Португалец вреди околу 60 милиони евра, па така Гвардиола на тројца играчи би потрошил околу 350 милиони евра, што би бил нов апсолутен рекорд во еден преоден рок.