Лапорта има пеколен план за 2022 година, го враќа Гвардиола на клупата?!
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, планира на клупата на каталонскиот тим да го врати Пеп Гвардиола и тоа идното лето.
Лапорта планира по саботниот финален натпревар во Лигата на шампионте, да разговара со менаџерот на Манчестер сити и се надева дека ќе успее да го натера да размисли за враќање на „Камп Ноу“.
Челникот на Барселона е свесен дека нема шанси Пеп Гвардиола ова лето да го напушти Манчестер сити каде има се што му е потребно за успех. Гвардиола има максимална доверба од директорите на Сити, Чики Бегиристајн и Феран Соријано кои беа директори на Барселона кога Пеп седеше на клупата на каталонскиот тим, а клубот нема финансиски проблеми какво што има Барселона.
Но, Лапорта верува дека може да го убеди Гвардиола идната година да се врати во Барселона. Тогаш Пеп би имал уште една година од договорот и се надева дека тренерот ќе си остане доследен на својата филозофија да не се задржува предолго време во еден клуб..
Поради оваа идеја, Лапорта засега планира да го остави Роналд Куман и следната сезона на клупата, посебно откако не успеа да донесе од Германците, Ханси Флик или Јулијан Нагелсман кои ги прифатија понудите од соништата. Флик ќе биде новиот селектор на Германија, додека Нагелсман е нов тренер на Баерн Минхен.
Интересно е што во игра пред да дојде до идеја да ја започне операцијата Пеп Гвардиола, Лапорта не добил поддршка од бордот на директори да разговара со Масимилијано Алегри.


