Гувернерот на Њујорк по обвинувањата за сексуално вознемирување на шест жени: Не поднесувам оставка

Фото: EPA-EFE/SETH WENIG / POOL POOL PHOTO

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо денеска изјави дека нема да се повлече од функцијата по скандалозните обвинувања за сексуално вознемирување и новите повици на влијателните демократи за оставка.

– Нема да поднесам оставка. Не го направив она што се тврди, изјави 63-годишниот политичар пред новинарите, повикувајќи ги своите критичари да почекаат додека не излезат на виделина повеќе факти.

Оваа недела беше отворена официјална истрага за поплаките на шест жени кои велат дека Куомо сексуално ги малтретирал или се однесувал несоодветно кон нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот