Групата „Килерс“ на мета на критики: Пејачот повикал руски фан на сцена за време на концертот во Грузија

Брендон Флауерс од „Килерс“
Брендон Флауерс од „Килерс“ / Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Американската рок-група „Килерс“ денеска упати јавно извинување откако нејзиниот фронтмен Брендон Флауерс покани руски фан на сцената за време на нивниот концерт во Грузија.

За време на настапот, Флауерс поканил обожавател од публиката да свири на тапани при изведбата на песната „For Reasons Unknown“, што е веќе традиционална практика на групата, јавува „Би-би-си“.

Пејачот ѝ порачал на публиката да се однесува кон тапанарот како кон свој „брат“, што било придружено со свирежи од дел од публиката, а некои дури и го напуштиле концертот.

„Добри луѓе од Грузија, никогаш не ни беше намера да навредиме некого. Разбираме дека коментарот, кој требаше да сугерира дека сите луѓе во публиката и обожаватели на ‘Килерс’ се ‘браќа и сестри’, може да биде погрешно протолкуван“, се вели во соопштението на рок-групата.

Грузија стекна независност од Русија во 1991 година и има долга историја на затегнати односи со Москва.

Во август 2008 година, Русија ја нападна Грузија и дел од оваа поранешна советска република сè уште е под руска контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот