Грковска се сретна со Хрватин: Оценската мисија на ЕУ треба да предложи мерки за реформи на Судскиот совет

Фото: Влада на РСМ

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, вчера попладне се сретнала со експертот за правни прашања Бранко Хрватин, чиј тим ја заврши оценската мисија на Судскиот совет на Македонија. Како што информираат од владината прес-служба, сега се очекува оценската мисија да предложи краткорочни и среднорочни мерки за реформа на Судскиот совет.

Грковска на средбата истакнала дека за жал, Судскиот совет како една од најважните институции која треба да гарантира независност, објективност, ефикасност и квалитет во правосудниот систем, но го изгубила кредибилитетот и мора да се преземат итни мерки за надминување на оваа состојба.

-Вицепремиерката Грковска му достави на Хрватин документ во кој се наведени конкретни слабости што Кабинетот за политики за добро владеење ги детектираше во функционирањето на Судскиот совет, а кои во еден дел се однесуваат на унапредување на мерит системот и на критериумите за избор на судии, унапредување на транспарентноста при изборот, како и низа други решенија во насока на зајакнување на независноста на оваа институција – се вели во соопштението.

Правниот експерт Хрватин истакнал дека во рамките на оценската мисија тој и неговиот тим имале низа средби преку кои детално се запознале со состојбите во оваа институција. Следува процесот на подготовка на извештајот, по што се очекува да бидат доставени препораките кои ќе содржат конкретни предлози за реформи на краток и на среден рок.

Двајцата соговорници се согласиле дека за конкретни и ефикасни реформи во правосудниот систем неопходна е силна и недвосмислена волја од сите политички фактори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот