Фото: ГРК Охрид

ГРК Охрид го совлада МРК Куманово, познати сите учесници на Ф4 турнирот во Купот

Ракометарите на Охрид денеска без никакви поголеми проблеми обезбедија пласман на завршниот турнир од Купот на Македонија.

ГРК Охрид славеше во финалето од групата Б од куп натпреварувањето со убедлива победата во салата „Билјанини извори“ над МРК Куманово со 35:18.

После првото полувреме, тимот на Борис Ројевиќ имаше предност од 16:8.

Најефикасен во редовите на ГРК Охрид беше Никола Ристески со шест гола, а на спротивната страна истиот учинок го имаше Александар Стојков.

Покрај ГРК Охрид, на Ф4 турнирот во Купот ќе играат и екипите на Вардар 1961, Еурофарм Пелистер и Алкалоид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот