Гринвуд е желба на Барса, Деко на состанок со луѓето од Манчестер јунајтед
Спортскиот директор на Барселона, Деко, вчера разговараше со колегите од Манчестер јунајтед, Џон Мартоу и Мет Харгривс, а темата наводно е потенцијалниот трансфер на фудбалерот Мејсон Гринвуд.
Препорачано
Гринвуд одамна беше отпишан од Манчестер јунајтед. Тој пред две години беше исфрлен од тимот поради обвинувања за сексуална злоупотреба и напад на неговата партнерка, а клубот не го помилува ниту кога судот пресуди дека е невин.
Гринвуд моментно е на позајмица во Хетафе, 22-годишниот играч игра одличен фудбал и привлече големо внимание кон себе, а има многу клубови кои сакаат да го видат во своите редови. Барселона е една од нив, каталонскиот гигант со задоволство би потпишал со Гринвуд. Деко го направи првиот чекор и вчера се сретна со колегите од Манчестер Јунајтед, Џон Мартоу и Мет Харгривс.
Договорот на младиот напаѓач со „црвените ѓаволи“ е до јуни 2025 година. Тие се подготвени да го продадат иако имаат опција за продолжување на соработката. Новиот шеф на клубот Џим Ретклиф не сака да носи предвремени одлуки.
Барселона може да го добие Гринвуд прилично евтино. Неговата цена на пазарот е само 7,5 милиони евра. За споредба, пред скандалот вредеше дури 50 милиони.


