Грета Тунберг во посета на Бих ФОТО: Klix.ba принтскрин

Грета Тунберг уапсена во Лондон

Климатската активистка Грета Тунберг денеска беше уапсена во центарот на Лондон за време на демонстрации во поддршка на штрајкувачи со глад од организацијата „Палестинска акција“.

Лондонската полиција објави дека 22-годишната активистка е приведена поради истакнување транспарент во поддршка на забранетата организација „Палестинска акција“, што е спротивно на член 13 од Законот за тероризам од 2000 година, објавува Скај њуз.

Во видео споделено од протестната група „Затвореници за Палестина“, Тунберг е прикажана како држи знак на кој пишува „Ја поддржувам акцијата „Затвореници на Палестина. Се спротивставувам на геноцидот“ за време на протестот пред канцелариите на „Аспен иншуренс“ во центарот на Лондон.

Од групата соопштија дека ја нападнале компанијата утрово бидејќи обезбедува услуги за израелската фирма за одбрана „Елбит Системс“.

Пред да пристигне полицијата, двајца активисти ја испрскаа фасадата на зградата со црвена боја, по што полицијата интервенираше и изврши апсења.

Истурила боја во Големиот канал: На Грета Тунберг ѝ е забранет влез во Венеција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот