Грција станува даночен рај: Донесете пари, ние ќе знаеме како да ви ги чуваме

Грција ја разгледува опцијата да им понуди на богатите инвеститори бројни даночни олеснувања, кои досега беа можни само во земјите кои инаку важат за „даночни раеви“.

Грција моментално разгледува на кој модел да се угледа, па така размислуваат за италијанскиот, кој помеѓу другото овозможува фиксно годишно плаќање на даноци од 100.000 евра од даночен обврзник, моделот на Малта за 15 отсто данок, а го проучува и кипарскиот модел, кој овозможува бесцаринска продажба на акција и обврзница и неоданочениот приход од дивиденда и камата.

Како што пренесуваат грчките медиуми, првите разговори се веќе направени со владата, а одлуката се очекува во октомври.

Инаку, Кипар и Малта влегуваат во најдобрите земји за иселување во поглед на (не)плаќање на данок.

На кипар на пример, кој купува луксузни недвижнини за најмалку два милиони евра добива таканаречен „златен пасош“ без да помине премногу процедури.

Многумина го користат тоа за да станат граѓани на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот