Грција со оценка за нова провокација: Турскиот брод „Оруч Рејс” се враќа во Источен Медитеран

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Турција издаде нова навигациска информација (Навтекс) за сеизмички истражувања на бродот „Оруч Рејс” во Источниот Медитеран од денеска до 22 октомври. Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, на неговиот официјален Твитер профил кусо напиша: „Оруч Рејс”.

„Навтекс“, според грчките медиуми, опфаќа дел од грчкиот континентален гребен, јужно од островите Родос и Кастеоризо, односно речиси во истиот дел како и навигациските информации издадени за истиот брод во август.

Медиумите во Грција коментираат дека овој потег на Турција претставува нова провокација и ги минира закажаните прелиминарни контакти меѓу двете земји.

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, во четвртокот се сретна со неговиот турски колега Чавушоглу, а завчера рече дека датумот за прелиминарните контакти треба да го одреди Турција, бидејќи е домаќин на средбата.

– Турската страна се обврза да предложи конкретен датум. Следната средба ќе биде во Турција, според редоследот, бидејќи последната, во 2016 година беше во Атина, па така Турција, која ќе биде домаќин на следната средба, треба да одреди и соодветен датум. Го очекуваме, рече Дендиас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот