Грците случајот со голите мигранти оставени покрај Еврос го носат во Обединетите нации

Голи мигранти оставени кај Еврос/Фото: Министерство за цивилна заштита на Грција

Грчкиот министер за имиграција и азил, Нотис Митаракис, остро ја критикуваше Турција за шокантниот инцидент со спасувањето на 92 мигранти од брегот на реката Марица (Еврос) од страна на грчките власти, кои ги затекнаа голи и малтретирани.

Говорејќи за СКАИ во понеделникот наутро, Митаракис истакна дека „во Еврос е напишана уште една тажна епизода“ со Турција во главна улога, повторно искористувајќи ги имигрантите, овој пат 92 на број, оставени голи и повредени во Еврос“.

Во продолжение, министерот за имиграција и азил истакна дека побарал и ќе се види со претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации следниот понеделник и веќе ги известил ОН и Европската комисија. Како што рече, ќе направи круг на контакти и „ќе им ги покаже фотографиите како и другиот материјал, како и видеата“.

„Турција се најде во многу тешка позиција бидејќи овие 92 беа пронајдени од самиот Фронтекс кој го потврди инцидентот. Овие лица, за жал, беа подложени на понижувачки третман во Турција и беа испратени во Грција. Тие се веќе на грчка територија и ќе бидат префрлени во затворот Филаки. Ова не и е првпат на Турција да прави вакви работи. Сакам да ви кажам дека 38 мигранти од Еврос рекоа соодветно дека турската воена полиција ги испратила до граница и потоа ги принудила да преминат во Грција. Турција знаете, во пресрет на нејзиниот изборен период, за Ердоган имиграцијата е едно од најголемите прашања за кои разговара турското јавно мислење и тој се обидува да создаде бран на имигранти за да дојдат во ЕУ. Имаме јасен став дека нема да дозволиме такво нешто. И покрај притисокот што го добиваме оваа година, мигрантскиот бран е еден од најниските во текот на деценијата. За да може светот да разбере низ бројки, во 2015 година кај нас влегле околу 1 милион луѓе, во 2019-та година 72.000, лани 8.500 и годинава досега 11.000. Така што протоците кон нашата земја се мали, со што од 121 прифатен центар што функционираа кај нас останаа само 34“, нагласи Митаракис.

Тој се исврна и на тоа што турската страна негира дека е одговорна за случајот со голите мигранти.

-Фактот дека овие лица беа приведени од Фронтекс им дава поголема тежина на нашите аргументи. На Турција и кажав завчера преку Твитер, дека дефинитивно мора да го истражи инцидентот. Турција очигледно не истражува бидејќи знае за тоа. Затоа јас побарав да одам во Њујорк и следниот понеделник имам таму средби за ова“, рече министерот.

Фронтекс потврди дека 92-та мигранти се пронајдени „голи и повредени“

Фронтекс го потврди за АФП доаѓањето на групата мигранти како „нечовечка слика“, исто онака како што опиша и грчкото Министерство за цивилна заштита соопшти.

„Полицајците на Фронтекс известија дека мигрантите биле пронајдени речиси голи, а некои од нив со видливи повреди“, изјави Паулина Бакула, портпаролка на организацијата.

Бакула, според АФП, говорејќи од седиштето на Фронтекс во Варшава, рече дека офицерите на Фронтекс соработувале со грчките власти за да им обезбедат итна помош на мигрантите – главно Авганистанци и Сиријци. Таа додаде дека агенцијата го известила службеникот за човекови права на агенцијата за можна повреда на правата.

Грчките власти спасија 92 илегални имигранти од брегот на реката Еврос , кои беа оставени на местото на настанот целосно голи и без трошка храна и облека со себе.

Реагираше и турската страна

Вчера претставникот на турското претседателство, Фахретин Алтун , со пораки на Твитер напишани на грчки јазик, го нападна Нотис Митаракис, како и целата влада во врска со прашањето за 92-те голи имигранти пронајдени во Еврос.

„ Грчката машина за лажни вести повторно работи… Збунувајќи ја Грција со Турција, министерот за имиграција и азил со објавите со лажна, неточна содржина се обиде да ја прикаже нашата земја како осомничена“, истакна Алтун во своите објави на Твитер.

Тој потоа ја обвини земјата и Фронтекс исто така. „Грчките власти, кои соработуваат со Фронтекс, мора да одговараат за бебињата кои се удавија во Егејот , луѓето кои ги соблекоа, ги тепаа со појаси и ги оставија да умрат од студ во Еврос.

Конечно, турскиот функционер упати и „опомени“ до Грција.

„Ја повикуваме Грција што поскоро да се откаже од својот нехуман однос кон бегалците, да стави крај на неоснованите обвинувања против Турција и да покаже државничка сериозност, напиша Фахретин Алтун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот