Грција ќе увезува работна сила
Недостигот на работна сила во Грција во повеќе сектори меѓу кои земјоделството, сточарството, градежништвото, но и туризмот резултира земјата за периодот 2023-2024 година, да увезе 168.000 работници од трети земји, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Препорачано
Според информациите на весникот, за пополнување на слободните работни места веќе е издадена и соодветна министерска одлука која покрива само 39 отсто од потребите за работници во Грција.
Одобрени се 147.925 места за државјани на трети земји, а останатите 20.000 ќе се покријат со билатералните договори потпишани со Египет и Бангладеш.
Работниците ќе бидат распределени во сектори каде што нема понуда за работа од Грци, како што се сезонски работници во земјоделството, градежни работници, месари, сточари итн.
Паралелно, дозволен е „увоз“ на странски работници за покривање на дел од потребите во туристичкиот сектор, како што се готвачи, помошници во кујна, мијачи на садови, градинари и хигиеничари.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
11мин
-
15мин
-
30мин
-
38мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


