ГРЧ ДОДЕКА ПЛИВАТЕ? Смирете се и направете го ОВА за да помине

пливање

Грчењето на мускулите нè изненадува во најразлични ситуации, но кога ќе се случи додека пливаме може да биде особено непријатно.

Грчевите се појавуваат дури и кога лежите во кревет или сте изложени на напорна физичка активност, но тогаш е лесно да се справите со нив, бидејќи се наоѓате на цврсто тло. Ако тоа се случи додека пливате, најпрво, обидете се да останете колку што е можно посмирени.

Пред сè, одржувајте го целото тело на површина, а најдобро е тоа да го направите грбно. Така ќе го вратите телото во баланс и ќе се смирите, без да ве фаќа паника од длабочината. Дишете врамнотежено.

Грчевите се случуваат поради преголем напор и поради ладната вода, па така, полека пливајте кон надвор и обидете се да правите ритмични контракции со згрчениот мускул, колку што можете, за да дојде до негово релаксирање. Излезете веднаш од водата, за да не ви се повтори истото додека сте внатре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот