Гравина: Пет замени и наредната сезона во италијанската Серија А!

фото: твитер

Во финишот од минатата сезона следуваше прекин поради пандемијата на коронавирус, со што беше донесена одлука да се зголеми бројот на замени со цел да се избегнат поголем број на повреди поради големата пауза.

Италијанците веќе го применуваат правилото за пет замени, а истото ќе важи и за наредната натпреварувачка сезона 2020/21.

– Серија А бараше во текот на сезоната 2020/21 и натаму да важи правилото за пет замени. Така, можам да кажам дека тоа правило ќе остане во силва и во овој шампионат – рече претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина.

Италијанците им се придружија на многу други федерации кои го поддржаа ова правило. Единствено засега англиската Премиер лига се откажа од пет замени, и го врати старото правило од три замени.

Потсетување дека новата сезона во Серија А ќе стартува на 20 септември, а во елитата повторно ќе имаме тројца македонски фудбалери, Горан Пандев (Џенова), Илија Несторовски (Удинезе) и Елиф Елмас (Наполи).

Серија А: Пандев на стартот со Кротоне, Елмас гостува кај Парма!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот