Граѓаните се повеќе преферираат плаќање со картички

платежни картички
Платежни картички / Фото: Архива на „Слободен печат“

– По отпочнување на корона-кризата, физичките лица сè повеќе ги користеле придобивките на електронското банкарство.

Трансакциите со посредство на банките односно со користење на кредитни трансфери или платежни картички во првиот квартал годинава пораснале за 15,2 отсто на годишно ниво и за 5,8 отсто на вредноста, соопшти НБРМ.

Според објавените податоци, кај плаќањата остварени со кредитни трансфери годишниот раст на бројот на трансакции изнесува 4,4 отсто, а кај вредноста 5,6 отсто. Во однос на плаќањата со платежни картички во трговијата, забележан е висок годишен раст кај бројот и вредноста на остварените трансакции од 27 отсто, односно 26,2 отсто.

Во март, откако започна здравствената криза во земјава, забележан е годишен раст на вредноста на трансакциите со кредитни трансфери од 4,9 отсто, извршени со зголемен број трансакции кај физичките лица за 1,3 отсто и благ пад кај правните лица од 0,7 отсто. Кај плаќањата со платежни картички е остварен висок годишен раст на вредноста 27,6 отсто и бројот на трансакциите од 31 отсто, движен од физичките лица.

– По отпочнување на корона-кризата, физичките лица сè повеќе ги користеле придобивките на електронското банкарство. Бројот на електронски кредитни трансфери иницирани од страна на граѓаните во март се зголемил за значителни 30,3 отсто на годишна основа, односно за 21,4 отсто на месечна основа. За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле компјутерите. Поконкретно, кај плаќањата извршени преку компјутер, во март се забележува висок годишен раст од 26,4 отсто, односно месечен раст од 27,2 отсто, кој е двојно повисок од годишниот раст во првиот квартал од оваа година кој изнесуваше 13,8 отст, наведуваат од Народната банка.

Оттаму додаваат дека за извршување плаќања, значително повеќе во споредба со претходно граѓаните ги користеле и мобилните телефони. Бројот на плаќања извршени со мобилен телефон во март пораснал за 45,5 отсто на годишна основа, при поумерен месечен раст од 7,4 отсто. Остварениот раст кај плаќањата извршени на ваков начин е релативно блиску со годишниот раст остварен во првиот квартал од минатата година, од 45,9 отсто. Тековно, од страна на граѓаните, еден од четири електронски кредитни трансфери се иницира преку мобилен телефон, додека останатите три електронски кредитни трансфери се иницираат со користење компјутер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот