„Граѓаните“ маршираат кон титулата, 20. победа по ред
Фудбалерите на Манчестер сити ја продолжија победничката серија откако денеска на „Етихад“ го совладаа Вест Хем со 2:1 за 20. победа по ред во сите натпреврувања. Во Премиер лигата, победничката серија изнесува 14. победи во низа.
Повторно херои на „граѓаните“ беа стоперите Рубен Дијаш и Џон Стоунс кои постигнаа по еден гол и беа одлични во одбранбените задачи. Единствениот гол за Вест Хем го постигна Антонио.
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиолаа, се одлучи да направи неколку измени и по подолго време стартер беше Серхио Агуеро како и Кајл Вокер, Ријад Марез, Феран Торес и Фернандињо, а одмор довија Бернардо Силва, Рахим Стерлинг, Кансело и Родри.
Манчестер сити поведе со голот на Рубен Дијаш во 30. минута, а Вест Хем возврати во финишот на првото полувреме преку Антонио. Во второто полувреме, „граѓаните“ тргнаа во тотална офанзива, доминираа на теренот и таквата игра втори со плод со голот на Стоунс во 68. минута.
Со победата, Манчестер сити направи уште еден исчекор кон титулата бидејќи сега има 62 бода, 13 повеќе од Манчестер јунајтед и Лестер, додека Вест Хем со поразот си го загрози четвртото место на табелата бидејќи има само два бода повеќе од петтиот Челси.