Градоначалникот на Дебар прогласен за почесен член на здружението „Дебарска заедница”-Тирана
Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, прогласен е за почесен член на дебарската заедница во Тирана.
Препорачано
– Дебар и дебрани се горди на културата и традицијата што ја поседуваат и што овие високи човечки вредности ги пренесоа и во другите албански области и пошироко. Советот на здружението ме прогласи за почесен член на здружението „Дебарска заедница” со мотивација за промовирање на историските вредности на културното наследство и одржување во живот на врските меѓу дебрани од Тирана и Дебар, напиша Дука на Фејсбук.
Голема благодарсност за поччита тој искажува до раководството на здружението, чиј претседател е Бујар Капеџиу.
Во Тирана живее многубројна дебарска заедница од над 70.000 лица.
Признанието му е врачено за време на неговата посета на Тирана, во чии рамки Дука оствари средба со албанскиот претседател Илир Мета, кој со задоволство ја прифатил поканата на Дука и на здружението да учествува во активностите што ќе бидат организирани по повод 111-годишнината од „Дебарскиот конгрес”.
Тие разговарале и за актуелната состојба со Ковид-19, посебно во Дебар, големувањето на инвестициите и унапредување на соработката.
Извор:МИА


