Градинките во Радишани и Љубанци ќе добијат нови игралишта

Фото: Општина Бутел

Општина Бутел започнува со изградба на нови детски игралишта во детските градинки во населбата Радишани и во Љубанци, односно, како што велат оттаму, на нови детски катчиња со многу содржини во кои најмладите можат  да го поминуваат слободното време.

 Ќе биде поставена нова висококвалитетна мека подлога, за безгрижна игра на дечињата. Исто така, ќе бидат поставени и нови реквизити, нова урбана опрема и ќе се изврши целосно уредување на просторот – информираа од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот