Град Скопје со (не)грижата ја исуши донацијата од 25.000 евра – ПРИЧИНАТА БАНАЛНА – Слободен печат
ВестиСкопје

Град Скопје со (не)грижата ја исуши донацијата од 25.000 евра – ПРИЧИНАТА БАНАЛНА

Зелениот билборд „City Tree“ е иновативна вертикална структура од мовови, која има ист ефект како 275 дрва и го компензира загадувањето од 417 автомобили на годишно ниво

Во 2017 година во центарот на Скопје, беше поставена „City Tree“ инсталацијата, што претставува биолошки филтер на воздухот. Денес, две години подоцна, еко дрвото изгледа очајно – запуштено и исушено. Всушност, дрвото беше поставено пролетта, а не го преживеа ни првото лето.

Зелениот билборд „City Tree“ е иновативна вертикална структура од мовови, која има ист ефект како 275 дрва и го компензира загадувањето од 417 автомобили на годишно ниво, па е зачудувачки зошто надлежните не се грижат за него, со оглед на фактот дека Скопје многу често е меѓу најзагадените градови во светот. Надлежен за одржување на билбордот е Град Скопје, преку своето јавно претпријатие „Паркови и зеленило“.

– Поради посебните услови кои се потребни за опстојување на инсталацијата од мовови, односно системот и самите вентили во системот, во периодот од јуни-август 2017 година, поради начинот на кој е осмислена самата инсталација да се дополнува со вода преку цистерна еднаш неделно, во периодот кога единствената цистерна со која располага ЈП „Паркови и зеленило“, беше во дефект и во комбинација со топлотниот бран кој беше во тој период за помалку од еден месец, растенијата – мововите се исушија – изјавија од Град Скопје.

Од таму дополнуваат дека растенијата во самата инсталација, не се заменети од септември 2017 година.

Првите две инсталации на „City Tree“ се обезбедени со поддршка од Германската Амбасада во Македонија и донации од македонски и странски компании и вредат 25.000 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close