Новогодишно украсување - Слободен печат / Фото - Методи Здравев

Град Скопје ќе избира најубаво украсен двор и балкон, граѓаните можат да се пријават до 23 декември

Новогодишните и Божиќните празници се најубавиот дел од годината, време кога градот блеска, а домовите стануваат места исполнети со топлина, радост и празнична магија. Поради тоа, Град Скопје ја организира манифестацијата „Украсуваме по скопски“, со која сака да ги мотивира и поттикне скопјани да ги украсат своите домови и да придонесат кон создавањето празнична атмосфера низ целиот град.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат и да се натпреваруваат за најкреативно и највпечатливо новогодишно украсување, може да се пријават на телефонскиот број: 3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот, во периодот до 23 декември 2025 година.

Фотографиите од украсените домови или дворови, заедно со податоците за сопственикот, контакт-телефон и адреса, може да се испраќаат и на e-адресата
[email protected] или по пошта, на адреса булевар Илинден бр. 82, со назнака за манифестацијата „Украсуваме по скопски“.

Фото: Град Скопје

Град Скопје и годинава ќе ги избере најдобрите во следните категории:

– Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа
– Најубаво новогодишно украсена тераса од стан
– Најубави раскази од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања

Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите, кои ќе ги оценуваат и писмените творби на средношколците.

За најуспешните учесници во сите категории Град Скопје ќе обезбеди награди, а доделувањето на наградите ќе се одржи на крајот од декември 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот