Град Скопје ќе избира најубаво украсен двор и балкон, граѓаните можат да се пријават до 23 декември
Новогодишните и Божиќните празници се најубавиот дел од годината, време кога градот блеска, а домовите стануваат места исполнети со топлина, радост и празнична магија. Поради тоа, Град Скопје ја организира манифестацијата „Украсуваме по скопски“, со која сака да ги мотивира и поттикне скопјани да ги украсат своите домови и да придонесат кон создавањето празнична атмосфера …

