Град скопје ќе субвенционира набавка на алат и репроматеријали за занаетчиите

Реализацијата ќе биде по принципот „прв дојден прв услужен”, до исцрпување на средствата предвидени со Буџетот на Град Скопје за 2020 година.

Град Скопје ќе одвои еден милион денари, а овие средства ќе бидат наменети за субвенционирање набавка на потребни алати и репроматеријали. Субвенцијата предвидува покривање 80 отсто од вредноста, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Поддршката важи за алат и репроматеријал набавен од 01.01.2020 година.

Повикот е веќе објавен и ќе трае заклучно со 15.12.2020 година. Реализиран ќе биде по принципот „прв дојден прв услужен”, до исцрпување на средствата предвидени со Буџетот на Град Скопје за 2020 година.

Целта на субвенционирањето, како што соопшти Градот, е да се поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање.

Право на учество на јавниот повик имаат занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од други извори, занаетчии кои се регистрирани согласно Законот за вршење занаетчиска дејност и вршат занаетчиски дејности во изумирање, како и регистрирани занаетчии кои имаат сопствен или дуќан под закуп лоциран во Скопје, кои имаат намирени обврски кон државата и вработените и кои почнале со работење најмалку една година пред објавувањето на јавниот повик.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот