Готвачка од јапонскиот остров каде живеат најмногу 100-годишни откри кои 7 намирници ги јадат

Фото: Pexels

Топлиот, тропски остров Окинава во Јапонија е дом на неверојатен број на здрави, среќни и витални луѓе кои живеат над 100 години.

Авторот Ден Бутнер помина повеќе од две децении истражувајќи што ги прави жителите на Окинава толку долговечни, обидувајќи се да ги открие нивните тајни и да научи од нив.

„Не постои една намирница што е најдобра“, му рекла на Буетнер Јуки Мијагуни, учителка по готвење од Окинава, во документарната серија на Нетфликс „Да се живее до 100: Тајните на Сините зони“ (Live to 100: Secrets of the Blue Zones).

Наместо тоа, уникатниот пристап кон храната од Окинава датира стотици години наназад, од времето кога нивното групирање острови било дел од кралството Рјукју, а храната се сметала за лек, пренесува „Инсајдер“.

Готвачите од Окинава најверојатно ќе ви кажат дека, за разлика од конвенционалната медицина, не постои единствен таен сос, ниту едноставна таблета за долговечност. Наместо тоа, постојат најмалку седум клучни намирници кои помагаат да се промовира здравјето и долговечноста.

Виолетова сладок компир – основна намирница

Во 1950-тите, кога остатокот од Јапонија преживувал на исхрана од околу 50 отсто ориз, жителите на Окинава добивале 67 отсто од дневните калории од виолетовиот компир што го нарекувале бени имо. Овие „отпорни на тајфуни“, здрави сложени јаглехидрати се полни со влакна, вели Буетнер, и имаат повеќе антиоксиданти од боровинките.

Зелените листови од црница (дудинка)

Мијагуни вели дека листовите од црница се добри за ублажување на воспаленијата во грлото. Истражувањата покажуваат дека листовите од дудинка богати со хранливи материи, исто така, можат да помогнат во борбата против воспаленијата и да го регулираат шеќерот и холестеролот во крвта.

Супа од лигњи

Оваа солена супа содржи ензими, аминокиселини и хормони кои можат да го зајакнат имунитетот и да го подобрат крвниот притисок. Мијагуни вели дека тоа е добар начин за „детоксикација“.

Морска алга – аса

Алгите се полни со хранливи материи, како што се јод и антиоксиданти кои ги одржуваат нашите клетки здрави. Жителите на Окинава ја јадат оваа посебна сорта на алга за да се разладат во топлите денови, вели Мијагуни.

Пелин

Листовите на ова растение имаат горчлив вкус кој одлично оди со свинско месо и може да го помогне варењето.

Гоја

Оваа јапонска горчлива тиква, која понекогаш се нарекува и горчлива диња, е еден од омилените зеленчуци на Окинава за додавање во јадењата кои се пржат во тава. Гоја е полна со супстанции кои можат да помогнат во намалувањето на шеќерот во крвта, што би можело да објасни зошто жителите на Окинава традиционално имаат пониски стапки на дијабетес од другите Јапонци.

Окинавско тофу

Како и другите видови тофу, ова е храна богата со соја, која е добра за срцето и може да помогне во намалувањето на холестеролот. Но, тофуто од Окинава обезбедува уште повеќе протеини и здрави масти отколку другите, бидејќи зрното соја се цеди сирово пред да се готви, наместо отпосле. Овој стил на тофу се нарекува shima-dōfu, што значи „островско тофу“, и е многу цврсто, бидејќи традиционално се прави со повеќе солен коагулант отколку тофуто на копно.

Исто така, во нивните чинии има мошне малку простор за црвено месо или преработена храна. Наместо тоа, нивните чинии се полни со растенија – храна богата со влакна и есенцијални хранливи материи кои, освен што се вкусни, штитат и од хронични болести.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот