Готвач од елитен ресторан, сега им готви храна на бездомниците (ФОТО)

фејсбук

Главниот готвач во еден од најстарите и најелитни ресторанти во Белгија, Лионел Риголе, решил, да даде свој придонес во борбата со сиромаштијата која станува се поголема поради затварањето на голем број на работни места поради коронавирусот.

Тој одличил да биде хуман и да го прави она што најмногу го умее, а тоа е да готви, а храната да им ја дели бесплатно на најсиромашната група на граѓани одбносно на бездомниците.

Publiée par Comme chez Soi sur Vendredi 17 avril 2020

Па така тој иако до пред само неколку недели, подготвувал храна која чинела и по 265 евра по порција, сега тој своите специјалитети им ги дели и тоа сосема бесплатно на околу 100 бездомника.

Publiée par Solidarité Grands Froids sur Vendredi 17 avril 2020

И сопругата на овој славен готвач, Лоренс Винантс која истовремено е и менаџерка на ресторантот во кој што работи, целосно го поддржува во оваа хумана дејност и помага во нејзината реализација.

– Чувствувавме дека и ние можеме да направиме нешто. Сите мислиме на здравствените работници, на болните, но што е со оние кои што немаат што да јадат и што спијат на улица – изјавила таа.

Publiée par Solidarité Grands Froids sur Vendredi 17 avril 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот