Гостиварци и косовци се истепале на ски-терените во Маврово, има и повредени

Фото МИА

На ски-терените во Маврово, во неделата околу 14 часот избила тепачка помеѓу неколкумина гостиварци и косовски државјани. Во тепачката има и повредени, извести полицијата. Сите учесници во масовната тепачка биле приведени и задржани во полициската станица во Гостивар.

„Неколку лица косовски државјани и неколку гостиварци се приведени во полициска станица поради тоа што учествувале во меѓусебна физичка пресметка околу 14 часот, на ски-терените на Бистра, а поради претходно недоразбирање. Во тепачката биле користени тврди предмети“, потврдија од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот