Господски потег на херојот на Кристал палас: Победата над Ливерпул ја прославил во паб со навивачите, купил пиво за сите
Голмаот на Кристал пала, Дин Хендерсон беше вистински херој во победата на својот тим во битката за Комјунити Шилд трофејот и со одбранети два пенали го донесе трофејот за својот тим.
Препорачано
Овој трофеј за Кристал палас беше втор во последните три месеци откако претходно го освоија и трофејот во ФА Купот со кој си обезбедија место во финалето на Комјунити Шилд.
Во тој натпревар исто така Хендерссон беше одличен и го одбран клучиот пенал.
Но, голманот ги воодушевил навивачите и со потегот по вчерашната победа. Имено, тој победата одлучил да ја прослави со навивачи на Палас во локален паб каде што купил пива за сите во пабот во вредност од 1.000 фунти.
„Сакам да бидам дел од големите моменти и ми се допаѓа притисокот кој тие го носат. Неверојатно е чувството да освоите два трофеи во неколку месеци“, изјави Хендерсон.
Ќе потсетиме, Хендерсон е поранешен голман на Манчестер јунајтед меѓуто во поголем дел од времето на „Олд Трафорд“ беше испраќан на позајмици, а за Палас брани од пред две години кога овој клуб за него плати 15 милиони евра.
ВИДЕО | Кристал палас го урна Ливерпул на „Вембли“ и го освои Комјунити шилд


