„Господарот на балоните“: Кинескиот професор зад мистериозното летало

Фото: Јутјуб/принтскрин

Фактот дека портпаролот на претседателот Џо Бајден, Џон Кирби категорично ја отфрли вмешаноста на вонземјани во случајот со балоните кои неодамна беа забележани над САД и Канада, не се покажа како доволен за да се стави крај на целата дебата околу овие мистериозни летечки објекти. Многу од прашањата во врска со балоните остануваат неодговорени.

Како на пример, дали балоните соборени од американски борбени авиони носеле шпионски алатки кои се забранети во САД. Исто така, американската влада, контраразузнавањето, безбедносните агенции итн. одбиваат да навлегуваат во детали за каква било вмешаност на кинескиот професор Ву Же со неодамнешниот налет на балони над САД и Канада. Сепак, професорот Ву е основач и акционер во три од шесте кинески компании санкционирани од американската влада поради шпионските балони.

Њујорк Тајмс“ открива дека токму овој професор на Универзитетот Беиханг во Пекинг се смета за врвен светски авторитет за балоните. Повеќе од 20 години, професорот Ву експериментирал и истражувал летечки возила како што се балони на голема височина. Во 2019 година, Ву Же и неговиот тим на истражувачи објавија дека успеале да усовршат балон што може да лета на висина од 18.300 метри. Професорот Ву го пуштил овој балон да го обиколи светот речиси и дефинитивно да го премине воздушниот простор на САД.

Ву Же во тоа време, пресреќен, изјавил дека балоните како прототипот „Cloud Chaser“ се пресвртница во развојот на соодветната технологија, така што употребата на балони станува општа. За целите на превенција и евидентирање на природни катастрофи, следење на атмосферското загадување – но и мониторинг воопшто. Кина, на крајот на краиштата, наводно користи балони за политички, но и за воени цели. Во секој случај, сепак, Ву Же се појавува како „Господар на балоните“, бидејќи многу научници во Кина, во написите, предавањата итн. се согласуваат дека никој не знае повеќе за овие балони од Ву.

Во извештајот на „Њујорк Тајмс“ се наведува дека американските агенции го следеле професорот Ву Же и ја следат неговата активност, сметајќи го како клучен човек за целата програма за надзор на балоните во име на кинескиот режим.

Професорот Ву има 66 години и во текот на неговата досегашна кариера бил вклучен во дизајнот на борбени авиони и бил клучен во развојот на материјали за нерадарско откривање. За неговиот придонес во науката и технологијата, Ву Же постојано бил почестен со различни награди. Покрај тоа, поради неговото вредно специјализирано знаење, професорот бил член на советодавниот комитет за набавка на воен материјал, во име на кинеската армија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот