Ѓорѓев останува во Грасхоперс до 2022 година

Македонскиот репрезентативец, Никола Ѓорѓев, останува верен на Грахоперс.

Ѓорѓев и швајцарскиот второлигаш се обврзаа да ја продолжат соработката на дополнителни две години.

– Задоволни сме што го продолживме договорот со Никола Ѓорѓев. И покрај неговата младост, тој има големо искуство и е важен дел од офанзивата на Грасхоперс. Оваа сезона постигна осум гола на 20 натпревари“, изјави извршниот директор на клубот, Фреди Бикел.

Ѓорѓев потекнува од младинските школи на славниот швајцарски клуб од минатото. Дебито во сениорскиот тим го имаше во 2017 година, како 17-годишен играч. Од тогаш настапи во 66 меча за Грасхоперс, во кои постигна девет гола и забележа шест асистенции.

Ѓорѓев досега двапати беше позајмуван од Грасхоперс. Есенскиот дел во сезоната 2017/18 ја мина во Твенте, а пролетниот во екипата на Арау. За младата репрезентација на Македонија одигра 12 натпревари на кои постигна два гола, а за „А” тимот одигра пет натпревари, но сè уште го чека првенецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот