Ѓорѓе Иванов ја поддржа кампањата на Александар Николоски (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата кандидати за пратеници во четвртата изборна единица, Александар Николоски, во кампањата од предвремените парламентарни избори доби поддршка од поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов.

Двајцата се сретнаа во Валандово, родното место на Иванов, а Николоски сподели видео од средбата.

„Денес сум горд што добив поддршка од Претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов, мојот професор од студентските денови, од кого научив многу за политиката која сега ја применувам, е најчесниот и најискрен Претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротивстави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања. Денес во неговото родно Валандово разговараме за иднината на Македонија. Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија“,

Средба со Претседателот Ѓорге Иванов, горд сум на неговaта поддршка

Денес сум горд што добив поддршка од Претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен Претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања. Денес во неговото родно Валандово разговараме за иднината на Македонија. Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија!

Publiée par Aleksandar Nikoloski sur Lundi 29 juin 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот