Гордана Сиљановска – Давкова шести претседател на државата
Д.А.
Пред
Гордана Сиљановска – Давкова која со денешната инаугурирација во Собранието официјално ја презема должноста шеф на државата, ќе биде првата жена и шести претседател од осамостојувањето на земјава.
Сиљановска Давкова на претседателската функција го наследува Стево Пендаровски, откако го победи на изборите одржани на 8 мај. Со денешната инаугурација новата претседателка завршува петгодишниот мандат на Пендаровски.
фото: Слободан Ѓуриќ Слободен печат
Универзитетската професорка Гордана Сиљановска – Давкова е прва жена која е избрана за претседател на државата.
Силјановска при давањето на заклетвата наместо уставното име „Република Северна Македонија“ го употребуваше Македонија.
фото: Слободан Ѓуриќ Слободен печат
Во говорот наведе дека ниту таа верувала дека ќе стане шеф на државата, како што во нејзина победа верувал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Таа во својот говор укажа на големото значење на жените во политиката и дека за сите ќе се грижи за сите еднакво.
-Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани нема да правам разлика ниту по етничка ниту по верска ниту по полова ниту по било каква разлика, рече новата претседателка Силјановска Давкова.
фото: Слободан Ѓуриќ Слободен печат
-Време е за единство и за тоа ќе им се обратам на жените. Бидејќи ние покажуваме дека не се грижиме само за себе туку и за сите околу нас, посочи Силјановска во обраќањето кое беше посветено на улогата на жените во политиката и која треба да биде многу поголема.
Сиљановска-Давкова е родена на 11 мај 1953 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.
Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.
фото: Слободан Ѓуриќ Слободен печат
Сиљановска-Давкова беше канадидат на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските избори во 2019 година, но изгуби од Стево Пендаровски.
На парламентарните избори во 2020 година, Сиљановска-Давкова беше носител на кандидатскиот список за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Изборна единица 1. Од август 2020 година таа е пратеник во македонското Собрание.
Сите досегашни претседатели
На претседателската фотелја досега седнаа петмина претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандата, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, како и Стево Пендаровски.
Првиот мандат на претседателот Киро Глигоров беше даден врз основа на избор од страна на Собранието на Република Македонија, согласно тогашните уставни решенија, а неговите наследници без бирани на непосредни избори.
Првите претседателски избори во Република Македонија се одржани на 16 октомври 1994 година, истовремено со парламентарните избори. На изборите учествуваа двајца кандидати, а победи во првиот круг Киро Глигоров со освоени 715.087 гласови односно 78,4 проценти, како кандидат на коалицијата предводена од СДСМ. Неговиот противкандидат Љубиша Георгиевски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ освои 197.109 гласови, односно 21,6 проценти.
Вторите претседателски избори во независна Република Македонија се одржаа во 1999 година. Дотогашниот претседател Киро Глигоров не се кандидираше на овие избори, а победи Борис Трајковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот круг учествуваа кандидатите – Муарем Неџипи, Васил Тупурковски, Мухамед Халили, Тито Петковски, Стојан Андов и Борис Трајковски. Во вториот круг победи Борис Трајковски со 582.808 гласови, а Тито Петковски освои 513.614 гласови, или 52,40 проценти наспроти 46,18 проценти.
Третите претседателски избори во 2004 година се одржаа предвреме поради смртта на претседателот Борис Трајковски. Првиот круг се одржа на 14 април 2004 година, а вториот на 28 април 2004 година. На изборите учествуваа четворица кандидати – Бранко Црвенковски поддржан од СДСМ, Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ, Гзим Острени од ДУИ, Зуди Џелили од ДПА. На овие избори победи Бранко Црвенковски со освоени 550.317 гласови или 62,6 отсто, наспроти Сашко Кедев со 329.179 гласови или 37,4 проценти.
Четвртите претседателски избори се одржаа на 22 март и на 5 април 2009, во исто време со изборите за локална самоуправа. На изборите учествува седум кандидати – Ѓорѓе Иванов поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Љубомир Фрчкоски од СДСМ, Имер Селмани од Нова Демократија, Љубе Бошкоски како независен кандидат, Агрон Буџаку од ДУИ, Нано Ружин од ЛДП и Мируше Хоџа од ДПА. На овие претседателски избори победи Ѓорѓе Иванов со 453.616 гласови или 63,14 проценти.
Петтите претседателски избори беа редовни, а се одржаа на 13 април и 27 април 2014 година. Истовремено со вториот круг на претседателските избори беа одржани и предвремени парламентарни избори. Вториот круг беше на 27 април 2014 година. Во него се пласираа кандидатите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски. На овие петти претседателски избори победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов со освоени 534.910 гласови наспроти кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 398.077 гласови. На овие претседателски избори освен Пендаровски и Иванов, учествуваа и Зоран Попоски поддржан од ГРОМ и Илјаз Халими од ДПА.
Шестите претседателски избори се одржаа на 21 април и 5 мај 2019 година, на кои победи Стево Пендаровски со освоени 435.656 гласови или 53.59 проценти. Ова беа првите избори по стапување во сила на Преспанскиот договор со кој беше решен спорот за името со Грција и земјата го доби името Република Северна Македонија. На овие претседателски избори, покрај Стево Пендаровски, учествуваа и Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Блерим Река поддржан од Алијансата за Албанците и Движењето БЕСА.
На седмите претседателските избори што се одржаа на 24 април и 8 мај 2024 година победи кандидатката за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова освојувајќи 561.001 глас, а актуелниот претседател и кандидат на коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски 251.881 глас. Во првиот круг од седмите претседателски избори што се одржа на 24 април учествуваа Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари и Максим Димитревски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Нема договор по првата средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за реконструкција на Владата, брифираат за „Слободен печат“ од партиите. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Жаирзињо, Ромарио, Роналдо, Ривалдо, и сега Винисиус во 2026 – дали историјата се повторува? 2 Скандал на фестивал: Славен диригент ја шокираше публиката, сексуално нападна жена на …
Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари категорично ја отфрла можноста за повторно учество во оваа Влада од која еднаш веќе излегоа. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Жаирзињо, Ромарио, Роналдо, Ривалдо, и сега Винисиус во 2026 – дали историјата се повторува? 2 Скандал на фестивал: Славен диригент ја шокираше публиката, сексуално …