Горан Здравков повеќе не е тренер на Брегалница

Фото: ФК Брегалница

Фудбалскиот клуб Брегалница спогодбено се раздели со шефот на стручниот штаб Горан Здравков, по серијата негативни резултати на тимот во пролетниот дел од сезоната.

Брегалница во последните шест натпревари е без победа, со четири порази и само две ремија, поради што од морални причини следи повлекувањето на Здравков од тренерската функција, а во насока на позитивен импулс за тимот и фудбалски Штип во битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

„Од морални причини се повлекувам од тренерската функција во Брегалница, затоа што искрено чувствувам дека сето тоа е единствено решение во интерес на клубот и градот кои заслужуваат далеку повеќе од својот миленик. Силно верувам во овој тим и фудбалерите на Брегалница за кои знам дека можат и мораат многу повеќе. Од срце им посакувам до крајот на сезоната да се изборат за целите и амбициите кои беа зацртани со стартот на сезоната, на радост на најверните навивачи на клубот“ – вели Здравков по повлекувањето од тренерската функција.

Наредните денови раководството на Брегалница се очекува да го официјализира наследникот на Здравков пред кого ќе е задача да се избори за опстанок во елитното друштво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот