Горан Мисовски избран за претседател на НСДП

Фото: Фејсбук, НСДП

Горан Мисовски е избран за претседател на НСДП на 5. партиски конгрес што се оддржа во Скопје.

Како што соопшти НСДП на својот официјален Фејсбук профил, од присутните 426 делегати, правото на глас го оствариле 314 од кои 308 гласале „за“, тројца „против“, а три ливчиња биле неважечки.

Претходно, Кристијан Трајковски ја повлече својата кандидатура за претседател на НСДП, не сакајќи да учествува во натамошната работа на овој, како што го нарече, нелегитимен конгрес.

„Овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука што ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна“, соопшти Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот