Горан Бреговиќ за верата на ќерките: Не знам дали се муслиманки или христијанки
Музичарот Горан Бреговиќ во разговор за „Блиц“, меѓу другото, зборуваше за религијата на неговите ќерки Ема, Уна и Лула.
Препорачано
Неговиот татко е Хрват, мајка му е Србинка, а сопругата Џенана Суџука е муслиманка. Тој и неговата сопруга им имаат дадено апсолутна слобода на своите ќерки кога станува збор за изборот на религија.
„Кога моите ќерки беа малечки, за време на Бајрам беа муслиманки затоа што тогаш добиваа подароци, а за време на Божиќ и Велигден беа христијанки затоа што и тогаш добиваа подароци. Сега веќе не знам што слават. Мислам дека само средната ќерка, која е сега во пубертет, е будистка. Се разбира, тоа не ми пречи. Моите ќерки ќе бидат Французинки, иако сакаат да доаѓаат на гости во нашите краеви и имаат пријатели овде. За мене и за мојата сопруга е доцна, ние секогаш ќе бидеме тукашни“, изјави Бреговиќ за „Блиц“.
View this post on Instagram
Ќерките на Горан и Џенана се родени во Париз, а Ема, нивната најстара ќерка, во една прилика зборуваше за т.н. „живеење на две адреси“.
„Тоа ми е неопходна стимулација. Кога ќе останам предолго на едно место, мојот мозок заспива и потешко ми е да најдам инспирација. Чувствувам голема слобода во тоа што не пуштам корен никаде“, изјави Ема.
View this post on Instagram


