Голманот на Евертон без казна за повредата на Ван Дајк!

Фото: EPA-EFE/Peter Byrne/POOL

Голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, нема да биде казнет за остриот старт над фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, соопшти денеска Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).

Холанѓанскиот дефанзивец мораше предвреме да го напушти теренот во дербито на Мерсисајд, кое заврши 2:2.

ФА утврди дека судијата го виде инцидентот за време на натпреварот од Премиер лигата и дека воедно бил консултиран и ВАР.

Иако ФА има моќ да интервенира дури и кога е ваква ситуацијата, тоа право го користи само во исклучително ретки околности.

После медицинските прегледи, утврдено е дека Ван Дајк ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото, ќе мора да се оперира и барем според првите најави ќе паузира околу шест месеци.

Ливерпул со многу желби: Кој ќе го замени повредениот Ван Дајк?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот