Голманот на Бразил откри: Голема е веројатноста Анчелоти да биде наш селектор

Голманот на Манчестер сити и Бразил, Едерсон на прес-конференцијата пред пријателскиот натпревар против Мароко изјави:
– Разговарав со Касемиро, Винисиус и Милитао. Постои многу голема веројатност Карло Анчелоти да биде нов селектор на Бразил – беа зборовите на Едерсон, информира „Дејли Мејл“.
Секако, ова откритие веднаш заврши на насловните страници на спортските медиуми ширум светот, бидејќи најатрактивната репрезентација во светот ја презема еден од најтрофејните тренери во историјата, кој е моментно го води Реал Мадрид.
Од почетокот на оваа година сите водечки бразилски медиуми пишуваат дека нивниот нивната фудбалска Конфедерација прави се за да го ангажира Анчелоти да го наследи Тите, кој си замина откако беа елиминирани од Хрватска во осминафиналето на Светското првенство во Катар. На местото на Тите привремено решение до лето Рамон Менезес, селекторот на младата репрезентација.
Агентот на Анчелоти, Франк Тримболи беше во Бразил пред две недели, а италијанскиот тренер е во одлични односи со бразилските фудбалери на Реал.