Голманот Алисон ја продолжи соработката со Ливерпул

Фото: EPA-EFE/Jason Cairndruff

Алисон Бекер потпиша нов долгорочен договор со Ливерпул, соопштија денеска официјално од клубот. Голманот денеска стана третиот член на првиот тим на Јирген Клоп што ја посвети својата иднина на клубот во последната недела, по Трент Александар-Арнолд и Фабињо.

Говорејќи за клупскиот сајт во предсезонската база на „црвените“, Алисон рече:

– Мислам дека не губев премногу време да размислувам за тоа. Тоа е нешто што го изградивме во последните три години, довербата, доверба што ја имам во клубот и клубот има во себе.

Јас и моето семејство, ние сме навистина среќни овде. Навистина ми е мило што можам да продолжам понатаму со мојата работа овде, правејќи добра работа овде. Значи, јас сум навистина среќен што ја донесов оваа одлука – се зборовите на Алисон.

Интересно е што Алисон, кој дојде во клубот од Рома во 2018 година, е единствениот голман во историјата на Премиер лигата кој постигна гол, асистенција и кој ја има наградата „Златна ракавица“, како и шампионската титула. Алисон бранеше за Ливерпул 130 пати во сите натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот