Голман на ПСЖ доби ветување за „жешка ноќ“ од порноактерка, се јави сопругата со урнебесен коментар
Во пресрет на големото финале од Лигата на шампиони помеѓу ПСЖ и Арсенал, еден од хероите на парижаните, голманот Матвеј Сафонов, се најде во центарот на неочекувана и бизарна приказна.
Препорачано
Рускиот чувар на мрежата добил необична „понуда“ од актерка од филмови за возрасни, што веднаш предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Актерката Мери Рок јавно му порача на Сафонов дека ќе му приреди „жешка ноќ“ за секоја одбрана што ќе ја има во финалето на Лигата на шампиони, кое се игра на 30 мај во Будимпешта. Нејзината објава брзо стана вирална и предизвика бројни реакции.
Набрзо се огласи и сопругата на голманот, Марина Кондратјук, која со доза на хумор ја коментираше ситуацијата на социјалните мрежи.
„Актерка од филмови за возрасни му посака среќа на мојот сопруг во финалето и му вети жешка ноќ за секоја одбрана“, напиша таа.
Потоа додаде и интересен коментар.
„Таа не знае дека за него ‘жешки ноќи’ значат решавање крстозбори, гледање ТВ и легнување во 23:30 затоа што наредниот ден мора рано на тренинг“, се пошегува таа.
Сафонов има одлична сезона во дресот на ПСЖ, а во Париз пристигна во летото 2024 година од Краснодар за 20 милиони евра.
View this post on Instagram
View this post on Instagram


