Големо засилување за европскиот шампион: Кампацо се враќа во Мадрид

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Одличниот Аргентинец, Факундо Кампацо дефинитивно си заминува од Црвена Звезда и како што стојат работите ќе се врати во неговиот поранешен клуб Реал Маадрид.

Аргентинецот во Звезда пристигна како огромно засилување и ги оправда очекувањата, меѓутоа сега според најавите се сели во европскиот шампион. Кампацо со Реал ќе потпише договор според кој ќе заработува околу 1.5 милиони евра по сезона, но во него ќе има клазули за одредени бонуси во зависност од неговиот учинок.

Се пишуваше и дека Звезда е спремна да му даде богат договор, но очигледно враќање во старото јато е поголем предизвик за Кампацо. Аргентинецот своите најдобри денови од кариерата ги помина во Реал Мадрид настапувајќи од 2014 до 2020 година кога се пресели во НБА во тимот на Денвер.

Секако дека со ангажманот на Кампацо, Реал Мадрид најавува одбрана на освоената титула во Евролигата сезонава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот