Голема грешка на голманот, среќен гол од пола терен! (ВИДЕО)

фото: твитер

На прв поглед не изгледаше така опасно, требаше само да ја смири топката, но изненадувачки таа помина низ неговите нозе и заврши во неговата мрежа.

„Петардата“ на Брентфорд на гостувањето кај Хал не е тоа што се зборува во англискиот фудбалски Чемпионшип.

Натпреварот на отворањето од 30. коло во вториот по ранг англиски шампионат го одбележа шпанскиот голман на гостите, Давид Раја, кој невнимателно реагираше во 29. минута.

На прв поглед не изгледаше така опасно, чуварот на мрежата требаше само да ја смири топката, но изненадувачки таа помина низ неговите нозе и заврши во неговата мрежа.

Доколку погледнете подобро на видео записот, играчот немаше никаква намера да шутира, тој се обиде само да ја додаде топката до еден од неговите соиграчи.

Не успеа, па се налути самиот, но само неколку секунди подоцна за многу случајно и среќно да постигне гол од пола терен, иако официјално погодокот е регистриран како автогол на Раја.

Конечниот резултат на овој дуел беше Хал-Брентфорд 1:5, гостите со овие три бода ги одржуваат шансите наредната сезона да играат во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот