„Голем зелен ѕид“ од 8.000 километри се гради во Африка (ВИДЕО)

Иновацијата „Големиот зелен ѕид“ е поврзана со климатските промени. Според проектот, ѕидот ќе опфаќа површина од 100 милиони хектари на кои ќе бидат засадени дрвја и ќе се протега од едниот крај на континентот до другиот, од Сенегал до Џибути.

„Големиот зелен ѕид“ (порано наречен и Голем ѕид на Африка) е иницијатива која има за цел да се бори против дезертификацијата, односно ширењето на пустината во регионот Сахел (Северна Африка), како и против климатските промени низ целиот свет. Целта е, исто така, да се отстранат дури 250 милиони тони јаглерод диоксид до 2030 година.

Иницијативата исто така ќе обезбеди работни места за 10 милиони луѓе, а освен тоа луѓето од оваа област ќе имаат „позелена иднина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот