Фото: Caleb Woods / Unsplash

Голем скандал со злоупотреби на деца во Франција, под истрага се вработени во градинки и училишта

Париската полиција истражува повеќе од 100 наводи за малтретирање, физичко насилство и силување на деца на возраст од само три години од т.н. училишни надзорници за време на ручек, попладневен одмор и активности по наставата, потврдија обвинителите, пренесува „Гардијан“. 

„Имаме истраги кои се во тек во 84 предучилишни установи, околу 20 основни училишта и околу 10 дневни центри“, изјави главната обвинителка на Париз, Лор Бекуо.

Адвокатите велат дека истрагите вклучуваат наводно силување на деца на возраст од три и четири години.

Групи родители изјавија дека со години се бореле обвинувањата да бидат сфатени сериозно. Тие велат дека пропустите во процесот на вработување и проверка на вработените дозволиле злоупотребите да продолжат.

„Ова е огромен скандал. Државниот образовен систем е извор на гордост во оваа земја, но за жал, денес во Франција не може да се каже дека јавната служба ја гарантира безбедноста на децата“, рече Флоријан Ластел, адвокат на три семејства од Париз кои поднеле полициски пријави поради наводната злоупотреба на нивните деца.

Училишните надзорници се возрасни луѓа задолжени за децата за време на ручек, одмор, попладневно спиење и активности по наставата, а понекогаш поминуваат повеќе време со децата отколку наставниците. Тие не се вработени директно од училиштата или Министерството за образование, туку ги ангажираат градските власти или локалните самоуправи, најчесто без обука или професионални квалификации и сè почесто на привремена основа, при што многумина се платени по час.

Во Франција, градинката е задолжителна од тригодишна возраст, а училишните надзорници се клучно секојдневно присуство за децата на возраст од три до 11 години.

Обвинувањата против училишни надзорници пријавени од родители ширум Франција вклучуваат: викање по деца, туркање, влечење за коса, лишување од храна, присилување да јадат додека не повратат, како и сексуален напад или силување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот