Голем пожар во близина на аеродромот во Санкт Петербург

Аеродромот Пулково во Санкт Петербург - Фотографија ЕПА, Анатолиј Малцев

Голем пожар денеска избувна во индустриската зона во близина на рускиот град Санкт Петербург. Огнот брзо се проширил и зафатил подрачје од околу сто квадратни метри.

Пожарот зафатил и еден од хангарите на аеродромот Пулково. кој привремено бил затворен, до  локализирањето на огнот.

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека се повредени две лица.

Не е познато што го предизвика пожарот, но според локалните власти во околината било соборено украинско беспилотно летало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот