Ѓоковиќ со најголеми шанси, „кралот на земјата“ само трет фаворит на „Ролан Гарос“!

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, едни од најдобрите во историјата на тенисот/Фото: EPA-EFE/LYNN BO BO

Поранешниот четврти тенисер на светот, Грег Рудедски истакна дека Рафаел Надал нема да биде шампион „Ролан Гарос“ оваа сезона.

Тој истакнува дека Шпанецот би можел да биде дури трет фаворит за освојување на титулата на турнирот во Париз.

Потсетување дека „кралот на земјата“ во последните 15 години вкупно 12 пати беше шампион на овој грен слем. Но, според Руседски годинава ќе биде прекината доминацијата на Рафа.

Промената на терминот на „Ролан Гарос“, како и суспензијата на тениската сезона за многумина се менуваат работите. На Рафа повеќе му одговара кога се игра побрзо, топчето повеќе да отскокнува. Пред некоја година со Новак Ѓоковиќ играше до доцна и условите станаа поразлични, се играше побавно што не му одговараше, а одлично се снаоѓаше неговиот ривал.

Мислам дека оваа сезона Ѓоковиќ е во предност. А тука е и Доминик Тим кој претендира да биде новиот „крал“ на таа подлога. Додека на Надал ќе му биде потешко оваа година во Париз. Но,  тој е човекот со 12 титули од турнирот и не смее да се „отпише“ – рече Руседски.

Според најавите „Ролан Гарос“ ќе се одржи во периодот од 27 септември до 11 октомври 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот