Ѓоковиќ со „ерупција“ на емоции, голема победа на Србија! (ВИДЕО)

фото: твитер

Во еден момент вториот светски рекет се пожали на повреда на лактот, но Ноле собра сили за значаен триумф против „триколорите“.

Тениската репрезентација на Србија оствари победа над селекцијата на Франција после одлучувачкот дубл меч во кој Новак Ѓоковиќ и Виктор Троицки ги совладаа Николас Маут и Едуардо Роже-Васелин со 2:1 (6:3, 6:7, 10:3).

Во еден момент од дуелот Србија беше загрижена, бидејќи Ѓоковиќ побара медицински тајмаут откако се пожали на повреда на лактот. Но, и покрај тоа Ноле собра сили и заедно со својот сонародник го комплетираа успехот.

Оваа пресметка од второто коло во групата „А“ на АТП купот во Бризбејн траеше еден час и 44 минути.

Со два брејка, српските тенисери лесно го освоија првиот сет, а во вториот следуваше значајно неизвесна борба.

Успеаја Французите низ тај-брејк да дојдат до израмнување, а прашањето на победникот беше одлучено во третиот сет.

Србите беа убедливи и со 10:3 запишаа триумф за моментно прво место во групата, а во наредното трето коло ќе ги одмерат силите против Чиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот