Ѓоковиќ е прекрасна личност, не е фер толку лошо да се однесуваат медиумите со него

epa08009260 US Reilly Opelka in action against Canadian Vasek Pospisil in the group stage tie between United States and Canada at Caja Magica pavilion, in Madrid, Spain, 19 November 2019. EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Американскиот тенисер Рејли Опелка застана во одбрана на првиот тенисер на АТП ранг листата.

Опелка кој сезоната ја заврши на 39. позиција на АТП ранг листата смета дека формирањето на новата асоцијација на професионални тенисер (ПТПА) од страна на Ѓоковиќ и Васек Поспишил е одличен потег.

Американскиот тенисер во интервју за магазинот „Рекет“ вели дека поради формирањето на ПТПА, Новак Ѓоковиќ се најде на удар на медиумите но и дел од официјални тениски лица како и тенисери, и сето тоа делува фрустрирачки.

– Да, јас сум за ПТПА и мислам дека тоа е одличен потег. Фрустрирачки е да се види кога личност како Новак има толку негативен третман во медиумите и тоа поради работи кои не се вистинити, зарем не? Новак е личност која е пријателски настроена, тој на УС Опен беше во можност да се бори да влезе во историјата, да биде еден од најдобрите играчи на сите времиња. Сигурно не му беше потребно, но тој дојде до мене по мечот да разговараме и да ме праша како ми е коленото – вели Опелка кој притоа истакна дека во тенисот има толку малку позитивни примери.

– Ќе се согласите дека тоа не е секојдневие во тенисот. Не израснавме заедно, ние сме различни генерации. Мисам дека Новак се грижи за помладите генерации, се грижи и за тенисерките бидејќи го сака овој спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот