Ѓоковиќ е „кралот на тенисот“ – поуспешен од Федерер и Надал заедно!

фото: EPA-EFE/MICHAEL DODGE

Новак Ѓоковиќ ја освои 19 грен слем титула во кариерата на „Ролан Гарос“ и се доближи на чекор до Рожер Федерер и Рафаел Надал, кои имаат по 20 грен слем трофеи.

Приказната за тоа кој е најдобар на сите времиња трае веќе подолго време и сите тројца имаат голем број аргументи на своја страна. Сепак, она што е сигурно е дека од почетокот на 2011 година до денес, српскиот ас е убедливо најуспешниот тенисер на планетата.

Новак во тој период освои дури 18 грен слем титули. Осумпати славеше на „Австралија опен“, двапати на „Ролан Гарос“, подигна пет трофеи на „Вимблдон“ и три на „УС Опен“. За тоа време, Федерер и Надал стигнаа до 15 трофеи заедно (Шпанецот 11 и Швајцарецот четири).

Не само најголемите турнири ја покажуваат доминацијата на Ѓоковиќ во изминатите нешто повеќе од 10 години. Ноле застана на 31 трофеј од Мастерс серијата, а збирот на неговите најголеми ривали е 28.

Исто така, Србинот четири пати стигна до титулата на завршниот Мастерс. Во тој интервал, Федерер еднаш славеше во натпреварување во кое учествуваат осумте најдобри тенисери во една календарска година, додека Надал сè уште нема титула од ова натпреварување.

ВИДЕО | СРБИЈА СЛАВИ, голема журка за Ѓоковиќ: Со спектакуларен огномет во Белград ја прослави победата на Роланд Гарос!

Сегментот што ја покажува супериорноста на Новак е бројот на недели поминати на врвот на АТП-листата. Србинот влезе во 325 недела како најдобар во светот, додека Федерер и Надал водеа заедно точно 132 недели од 2011 година.

Српскиот ас во интервалот од 2011 година до денес одигра 35 мечеви против Рафаел Надал, а резултатот е 23:12 за Ѓоковиќ. Тој е уште поубедлив против Федерер. На 32 дуели, 34-годишнот тенисер од Белград излезе како победник на 22 дуели. Кога сè ќе се собере, Ноле забележа 45 триумфи, а Надал и Федерер имаат 22 заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот