ВИДЕО | СРБИЈА СЛАВИ, голема журка за Ѓоковиќ: Со спектакуларен огномет во Белград ја прослави победата на Роланд Гарос!

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, беше пречекан со неверојатна забава во Белград по повод освојувањето на титулата на Ролан Гарос.

Српскиот ас се врати во српската престолнина од Париз за да го прослави големиот успех. Неговиот татко Срѓан организираше приватна журка во ресторанот „Новак“, а штотуку крунисаниот шампион на Ролан Гарос беше во исклучително добро расположение.

Ѓоковиќ е крал на тенисот, со неверојатен пресврт до титула на Ролан Гарос

 

Новак пристигна на забавата со мала верзија на Грен слем пехарот од Париз и одлично се забавуваше.

ВИДЕО: Мајката на момчето кое го доби шампионскиот рекет од Ѓоковиќ објави слики кои ги воодушевија сите!

Но, одморот нема да трае многу, бидејќи за само два дена, се очекува Новак да отпатува за Мајорка и таму да започне со подготовките за Вимблдон.

Ѓоковиќ е единствен кој може да победи на сите четири грен слем турнири во една година

Погледнете како изгледаше забавата и спектакуларниот огномет:

Видео на денот