Ѓока: Тоа што го пропуштивме денеска имаме потенцијал да го надоместиме на реваншот

Шкендија со негатива ќе патува на реванш натпреварот во Словенија во раммите од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите после вечерашниот минимален пораз од Мура (0:1).

Тетовските „црвено-црни“ повеќе ја имаа топката на теренот во Скопје, со нешто над 20 шутеви кон противничкиот гол, но ниту еднаш не се затресе мрежата на Мура.

Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока:

– Да, статистиката покажа дека вечерва бевме подобри имавме шанси, доминиравме, но не успеавме. Доколку не постигнеш гол не можеш да очекуваш добар резултат. Сигурен сум дека имаме потенцијал на реваншот да надоместиме тоа што го пропуштивме во текот на денешниот дуел. Ништо не би променил на реваншот, треба да одиграме како денеска, да веруваме во себе, треба само да постигнуваме голови кои секако ја прават разликата.

Тренерот на Мура, Анте Шимунџа:

– Овој наш резултат ништо не гарантира. Видовме дека Шкендија поседува индивидуални квалитети, ништо не е готово во овој двомеч. Нема да кажам дека нашиот голман Обрадовиќ го реши мечот со своите одбрани, но докажа дека е еден од најдобрите голмани во Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот