Годинава значително опаднала трговијата меѓу Македонија и Германија
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – јули 2025 година, изнесува 290.164 милиони денари и бележи пораст од 3,2 % во однос на истиот период од претходната година.
Препорачано
Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јули 2025 година, изнесува 410.470,4 милиони денари, што е за 2,7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари – јули 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија, кои учествуваат со 47,3 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60,4 % во вкупната размена.
Обемот на трговска размена меѓу Македонија и Германија во периодот од јануари-јули 2025 година во однос на јануари-јули 2024 година е намален за 6,1 отсто – извозот за 6,4 отсто и увозот за 5,5 отсто, пренесува порталот „Економија и бизнис“.
Намалување на обемот на размената изразена во долари имаме и со Грција (-1,2 отсто). Највисок раст на трговската размена во истиот период имаме со Унгарија со зголемување од 25,7 отсто, во извозот за 41,5 отсто и увозот за 5,8 отсто.


